14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Емили Ратајковски: Ме зграпчи за голите гради додека го снимавме спотот за песната „Blurred Lines“

Најчитани вести

Еден од најплатените супермодели во светот, Емили Ратајковски (30), во својата книга „Моето тело“ изнесе голем број тврдења поврзани со снимањето на спотот за песната „Blurred Lines“.

Имено, Ратајковски откри дека за време на снимањето на видеото, музичарот Робин Тик ја допрел по нејзините голи гради.

– Одеднаш, изненадно, почувствував студени раце на странец на моите голи гради. Тој стоеше зад мене. Веднаш се повлеков и го погледнав зачудено, напиша Емили во книгата што треба да се објави следниот месец.

Ратајковски беше еден од трите модели што се појавија во спотот за песната со која овој музичар стекна светска слава.

Според New York Post, моделот на почетокот уживал во снимањето на видеото, но потоа Тик се напил и почнал да се однесува грубо.

– Се смееше за време на снимањето, не можеше да застане на нозе, во еден момент Дијана Мартел, режисерката на видеото, го праша дали е добро – стои во книгата.

Емили додаде дека се чувствувала понижена за време на снимањето во студиото во Лос Анџелес и дека избегнуваала да го погледне во очи.

Мартел го потврди инцидентот и рече дека се сеќава на моментот кога музичарот ја зграбчи Ратајковски за нејзините голи гради.

Застана зад неа и со двете раце ја фати за градите. Веднаш почнав да му викам затоа што не ми беше јасно што прави. Исто така, тогаш реков дека снимањето е завршено – објасни таа и додаде дека Тик бил пијан, а подоцна се извинил за своите постапки.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com