Таа во последните неколку дена ги споделува убавините на Малдивите со серија фотографии што предизвикуваат завист.
Но, Емили Ратајковски во вторникот сакаше сите очи да бидат вперени во неа, а не во идиличното опкружување.

28-годишната манекенка позира во бикини покрај Индискиот Океан за време на одморот во луксузниот ресорт.
Фотографиите беа најнови на инстаграм-профилот на Емили додека со сопругот Себастијан Беар-Меклард ужива во чудесната авантура на Малдивите.
Емили последниве неколу дена практично живее во својот костим за капење.

Костимот е од нејзината линија за облека „Инамората“, што ја лансира во 2017 година.
Ѕвездата ја промовира колекцијата на својот профил на „Инстаграм“, каде што таа самата е манекенка.
„Линијата е самофинансирана. Јас во основа имам консултант и асистент и тоа е сè што ми треба. Навистина е забавно“, изјави таа за „Вог“ во 2017 година.
„Правам разни работи со разни луѓе, но да се има целосна контрола е навистина посебно и возбудливо“.
