23.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Емери: Сакам никогаш да не мора да играме против Ливерпул

Најчитани вести

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери вели дека да може да бира никогаш не би сакал да игра против Ливерпул. Неговиот тим во третото коло од Премиер-лигата ќе гостува на „Енфилд“ стадион на кој не можат да се пофалат со добри резултати. Лондонскиот тим ги загуби последните три натпревари нагости кај Ливерпул, со вкупна гол-разлика од 2-12.

„Не сакам да играм против Ливерпул. Што се однесува до нас, би сакал никогаш да не мора да се сретнеме со нив“, изјави Емери. 

Во дербито двата тима влегуваат со максимален учинок, откако Арсенал беше подобар од Њукасл и Барнли, додека Ливерпул ги совлада Норич и Саутемптон.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести