24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Емери немилосрден: Џака погреши!

Најчитани вести

Арсенал испушти два гола предност на дуелот против Кристал Палас на домашен терен, но натпреварот го одбележа потегот на Гранит Џака кој при излегувањето од теренот, додека сопствените навивачи го освиркуваа, прво направи гест со раката како да ги слуша, а потоа го соблече дресот, притоа коментирајќи „еб*те се“.

На сите им е јасно дека швајцарскиот репрезентативец не е омилен кај навивачите на Арсенал, а во негова одбрана не застана ниту менаџерот Унаи Емери.

„Погреши, но за сето ова ќе зборуваме во соблекувалната, а не јавно. Сакам да остане мирен, но навистина погреши“, изјави Емери.

Дел од вината има и тој бидејќи одлучи да му ја додели капитенската лента на Џака иако Швајцарецот е еден од послабите фудбалери во екипата оваа сезона, а нема ни лидерски способности.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести