17.3 C
Skopje
Wednesday, May 12, 2021

Емери има „црн список“: Шпанецот ги посочи двајцата играчи кои ќе си заминат до крајот на преодниот рок

Најчитани вести

Арсенал бележи одличен старт на сезоната и за првпат после 10 години започна со две победи, но по остварените триумфи против Њукасл и Барнли, во третото колои следи исклучително тежок испит за избраниците на Унаи Емери.

Ливерпул утре го пречекува Арсенал на домашниот „Енфилд Роуд“ во дербито кое е закажано за 18:30 часот, натпревар пред кој Емери посочи дека неговиот тим ќе мора да одигра перфектно за да оствари позитивен резултат. Шпанецот пред неколку дена даде голем комплимент за тимот на Клоп и порача дека никогаш не би сакал да игра против Ливепрул, а неговите играчи секако ќе имаат голем мотив да се докажат во добро светло после лошиот резултат кој го остварија на „Енфилд“ минатата сезона.

По двете стартни победи, атмосферата во Арсенал е навистина позитивна, а додека сите говорат за одличната адаптација на Себалјос и младиот Пепе, Емери на пресот пред дербито со Ливерпул ги посочи и имињата на двајцата фудбалери кои се прекубројни во неговиот ростер.

– Елнени и Мустафи се запознаени со нивните позиции во тимот и јас сакам само играчи кои ќе бидат среќни. Сакам да имам играчи кои сметаат дека можат да помогнат. Минатата сезона, кога не игра, Мустафи и Елнени не беа среќни, па затоа зборував со нив многупати оваа пресезона и мислам дека најпозитивно за сите ќе биде ако пронајдат нова средина и нов тим до крајот на преодниот рок. Добро е да најдат тим каде што ќе играат и каде ќе се чувствуваат како протагонисти, – признава Емери.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести