Home » Емери: За да постигнете нешто важно, треба да ги победите фаворитите

Емери: За да постигнете нешто важно, треба да ги победите фаворитите

by Журнал.мк

Тренерот на Виљареал, Унаи Емери ги процени шансите на Виљареал за успех во Лигата на шампионите.

Предводникот на шпанскиот клуб зборуваше во пресрет на првиот полуфинален натпревар против Ливерпул кој ќе се одржи утре на теренот на англискиот тим.

– За да постигнете нешто важно, треба да ги победите фаворитите. Победата над Јувентус во осминафиналето ни влеа поголема самодоверба. Во полуфиналето ќе се обидеме да создадеме услови за да имаме шанси. Ливерпул е одличен тим. Ни претстои возбудлива пресметка, изјави Емери.

Средбата ќе се игра утревечер на „Енфилд“ со почеток во 21 часот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More