Американскиот тренер Ник Нурс ја презеде Филаделфија. Неодамнешниот шеф на стручниот штаб на Торонто, кому му донесе титула во 2019 година, се договори со Сиксерси и ќе го наследи Глен Риверс, со кого славната франшиза не успеа да направи пробив – како и со неговите претходници.
- И Феникс и Сиксерс преговараа со агентот на Нурс, Енди Милер, но тој заврши во Филаделфија, за да го тренира МВП-то на НБА, Џоел Ембид. Претседателот и генерален менаџер на Сиксерс, Дерил Мори, работеше со Нурс, а Нурс исто така создаде долга историја додека работеше во Торонто и изгради ривалство. Нурс беше баран на „пазарот“, а со неговиот потпис Сиксерси успеаја да доведат уште еден тренер кој освоил титула, откако претходно работеа со Док Риверс, објави Адријан Војнаровски, кој секогаш е добро информиран кога се во прашање најновите вести поврзани со НБА лигата.
Звучи неверојатно, но тим каква што е Филаделфија не направи забележителна серија во плејофот откако Ален Ајверсон го носеше на грб во големото финале против Лејкерс во 2001 година. Од таа пролет, тимот не успеа да дојде ниту до финале, а најблиску за такво нешто беа во 2019 година, кога загубија од Торонто.
После тоа, Филаделфија беше блиску до конференциско финале во 2021 година, во седмиот меч од серијата против Атланта, но тогаш Бен Симонс беше трагичар, а Ембид јавно го критикуваше – исто како што тоа го направи и оваа сезона по неуспехот против Бостон. Нурс сега ќе треба добро да им внесе победнички менталитет на Ембид и дружината кога е се во прашање плејоф натпреварите, нешто што Сиксерси не го знаат со децении.