10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

ЕМА во понеделник ќе одлучува дали ќе одобри засилувачка доза на Фајзер

Најчитани вести

Регулаторот за лекови на ЕУ во понеделник ќе одлучи дали ќе одобри трета доза на вакцината против Ковид-19 на Фајзер, стои во интерен документ во кој имале увид некои светски агенции. Доколку Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри администрација на засилувачка доза, не се очекува да даде прецизни упатства за тоа кој треба да добие трета доза.

Ако ЕМА поддржи трета доза на вакцината, ЕУ ќе им се приклучи на САД, Велика Британија и Израел во имплементацијата на засилувач, и покрај недостигот на научен консензус дека е потребен, пренесува Бгнес.

– На 4 октомври, ЕМА ќе даде мислење за потребата од засилувачка доза на Фајзер за поширокото население, изјави шефот на ЕМА Емер Кук пред европратениците на внатрешен состанок одржан вчера, стои во записникот од разговорите.

Повеќе од десет земји во ЕУ веќе почнаа да користат трета доза од вакцината без поддршка на агенцијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com