14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Ел Салвадор ќе користи вулканска енергија да копа биткоини!

Најчитани вести

Ел Салвадор е нација со богата и бурна историја, на повеќето луѓе од „Западниот“ свет познат од „тој филмот со Џејмс Вудс“ (Salvador, 1986, Oliver Stone) за граѓанската војна (1979-1992). Денес Ел Салвадор се најде на врвот на светските магазини како прва држава која го легализира копањето крипто-валути.

Сепак, постои еден проблем, ова т.н. „копање“ е процес кој бара многу енергија и заради тоа се соочува со многу контроверзи во еден свет кој се обидува да стане енергетски-ефикасен и воедно еко-пријателски. Пишувавме на оваа тема и на обидите на основачот на Етереум, една од најпопуларните крипто-валути, Виталик Бутерин да го направи овој процес поеколошки.

Ел Салвадор има друга идеја – да не се „замара“ многу со намалувањето на трошоците за „копањето“, туку да обезбеди енергија за истото – од вулканите! Претседателот на неговиот Твитер профил изјави државната геотермална електрична компанија LaGeoSV ќе изготви план за префрлување на објектите за копање на крипто-валути на геотермална енергија.

Претседателот на Ел Салвадор изјави дека се работи за „100 проценти чиста, 100 проценти обновлива“ енергија од вулканите, која воедно испушта 0 проценти стакленички гасови.

Како за пример, еден геотермален „бунар“ ќе обезбедува 95MW енергија и околу него ќе направат центар за копање биткоини.

„Тоа што излегува од бунарот е чиста водена пареа“, дополни тој.

Храбар чекор, со оглед на непредвидливата природа на крипто-валутите.

Tags: биткоин, геотермална енергија, екологија, ел салвадор, енергија, копање, крипто валути, Наука, технологија, чиста енергија

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести