1.8 C
Skopje
Friday, January 27, 2023

Ел повторно се најде во ситуација каде мора да бира: Објавена е најавата за „The Kissing Booth 3“

Најчитани вести

По објавениот датум на премиерата, излезе и првиот трејлер за продолжението на овој популарен филм…

Објавен и трејлерот за третото продолжение на популарниот филм „The Kissing Booth“. Со оглед на тоа дека сите претходни продолженија се снимени според книга, овој би требало да биде поинтересен, бидејќи во овој случај ќе се пишува книга врз основа на продолжението. Трејлерот ни откри нешто повеќе, па погледнете дали ги исполнува сите ваши очекувања.

Трејлерот за третото продолжение на „The Kissing Booth“ ни открива повеќе отколку што мислевме! Знаевме дека истиот ќе биде фокусиран на заминувањето на факултет на Ел, но таа и во оваа ситауција ќе биде во дилема – дали да го одбере Ноа и со него да се пресели или ќе го исполни ветувањето кое му го даде на својот најдобар пријател Ли за заедно да одат на факултет? Ни преостанува да почекаме да излезе филмот и да дознаеме каква одлука донесе Ел.

Третото, а воедно и последно продолжение на „The Kissing Booth“ беше најавен уште минатото лето од страна на главните актери. Но, дури неодамна е потврден датумот кога ќе се одржи официјалната премиера, а сега е објавен и трејлерот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести