9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Ел класико за тројца слободни играчи

Најчитани вести

Барселона и Реал Мадрид, наредното лето, ќе водат жестока борба за потписите на тројца фудбалери. Шпанските великани, ќе се обидат да ги привлечат во своите редови, фудбалерите кои ќе бидат слободни во изборот на новите клубови.

Наредното лето, бес обесштетување Челси ќе можатд а го напуштат Цезар Аспиликуета и Антонио Ридигер, а во иста позиција ќе биде и Пол Погба од Манчестер јунајтед.

Според „Трансфермаркт“, вредноста на Аспиликуета (32) и Ридигер (28) изнесува 13, односно 35 милиони евра. Погба е проценет на 60 милиони евра.

Барселона е во голема финансиска криза, клубот само во последната година пријави минус од 480 милиони евра и поради тоа ќе се обиде да привлече слободни играчи. Минатото лето на овој начин на „Камп Ноу“, пристигнаа Мемфис Депај, Кун Агуеро и Ерик Гарсија.

Покрај Аспиликуета, Ридигер и Погба, Барса е заинтересирана и за голманот на Ајкас, Андре Онана, односно фудбалерот на Милан, Франк Кеси. Онана сигурно ќе замине од Амстердам како слободен играч, а веројатно и Кеси ќе го направи истото, бидејќи не сака да го продолжи договорот со Милан.

Реал од друга страна има една голема цел наредното лето, тоа е Килијан Мбапе, кој како и набројаните ќе биде слободен играч.

Погба би требало да дојде како замена за Лука Модриќ, Аспиликуета е алтернатива за Дани Карвахал, кој во последните две сезони има големи проблеми со повредите, додека Ридигер би ја засилил дефанзивната линија во тимот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com