24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Елче ги „урна“ Вилјареал за многу важни поени

Најчитани вести

Лукас Боје го постигна својот втор гол во последните три меча, за Елче да „украде“ важна 1:0 победа над фаворизираните Вилјареал во единствениот меч од 21. коло од шпанската Ла лига, за втора победа во низа и „бегање“ од опасната зона.

Клубот од малото градче во близината на Валенсија, кој последните шест години ги помина во третата и втората лига, дојде во водство во 78. минута, кога Французинот Боје, десетина минути откако влезе во игра ја застресе мрежата на Херонимо Рулји за важни три поени.

Елче сега се на 15. место на табелата со 22 поени, пет поени над зоната за испаѓање во која се наоѓаат Алавес, Кадиз и Леванте, додека Вилјареал останува на осмото место со 29 поени, четири поени зад топ 4 пласман.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com