2 C
Skopje
Wednesday, January 27, 2021

Елтон ги брани Хари и Меган, им платил приватен авион

Најчитани вести

Британскиот музичар Елтон Џон (72) се обиде да го одбрани однесувањето на војводата и војвотката од Сасекс објавувајќи на „Твитер“ дека е длабоко вознемирен од искривените и злонамерни извештаи во медиумите за неодамнешното приватно патување на двојката со нивниот син Арчи за време на престојот во неговиот дом во Ница.

Елтон Џон, долгогодишен пријател на покојната принцеза Дијана, напиша дека со оглед на неговата блискост со мајката на Хари смета дека му е должност да го заштити младото семејство од медиумите кои ги обвинува за нејзината прерана смрт.

Во еден твит пејачот тврди дека тој и неговиот партнер Дејвид Фурниш (56) го платиле патувањето на двојката со приватен авион затоа што сакале да добијат високо ниво на безбедност, што им било потребно.

„По напорната година и нивната посветеност на добротворни цели, Дејвид и јас сакавме младото семејство да се одмори во приватноста и мирот и безбедноста на нашиот убав дом“, напиша Џон.

Медиумите внимателно ги следат неодамнешните патувања на војводата и војвотката од Сасекс, особено превозните средства што ги користат. Интернет-страниците последниве денови пренесуваат фотографии од младото семејство, на кои нејасно се гледа како излегуваат од приватен авион, а медиумите известуваат дека тие патувале со приватен авион четирипати за 11 дена.

Според таблоидот „Сaн“, двојката уште еднаш ја налути британската јавност затоа што нивните приватни летови се скапи, а себеси се нарекуваат еколошки воини, освен кога станува збор за гламурозни одмори.извор: Makfax

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести