13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Елмас ќе игра против Барселона во ЛШ, Реал Мадрид на мегдан со Манчестер Сити

Најчитани вести

Реал Мадрид – Манчестер Сити е мега пресметката во осминафиналето од Лигата на шампионите, Елиф Елмас и Наполи ќе и се спротивстават на Барселона.

Денеска беше извршена ждрепката за осминафиналните натпревари од Лигата на шампионите.

Пеп Гвардиола со Манчестер Сити ќе игра против неговиот стар ривал Реал Мадрид.

Елиф Елмас и Наполи се среќаваат со Барселона. Интересна ќе биде и пресметката меѓу бранителот на трофејот Ливерпул и Атлетико Мадрид.

Дерби дуел е и тој меѓу Челси и Баерн Минхен, а Жозе Мурињо и Тотнем го добија Лајпциг.

Осминафинале ЛШ:

Борусија Дортмунд – ПСЖ
Реал Мадрид – Манчестер Сити
Аталанта – Валенсија
Атлетико Мадрид – Ливерпул
Челси – Баерн Минхен
Лион – Јувентус
Тотнем – Лајпциг
Наполи – Барселона

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com