-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Елмас почна со тренинзи, докажување пред новиот тренер

Најчитани вести

Елиф Елмас се приклучи на тренинзите на Наполи, ставајќи се на располагање на новиот тренер Лучијано Спалети во подготовките за новата натпеварувачка сезона.

„Дијамантот“ стартуваше неколку дена подоцна од останатите, со дозвола од клубот поради учеството на ЕВРО 2020, но од денеска се приклучи на соиграчите кои работат напорно под будното око на новиот стручен штаб.

Добро познато е дека Елмас не беше најомилен кај стариот тренер Џенаро Гатузо, кој му даваше шанса само во вторите полувремиња од натпреварите, па останува Елиф да се наметне кај Спалети, за да добие позначајна улога во тимот на Наполи за наредната сезона.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести