14 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

Елмас освен што ќе биде најскап Македонец ќе постави и рекорд во Фенербахче!

Најчитани вести

Елиф Елмас е пред трансфер во Наполи и тоа е веќе јасно.

Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио вчера вечер објави нови детали за трансферот на македонскиот бисер.

Според информациите за услугите на Елмас Наполи ќе плати сума од 18 милиони евра.

Наводно во овие моменти се чека само да се заврши трансферот на Марко Рог кој го напушти Наполи и се сели во Ајтранхт после што Елмас ќе го стави својот потпис на договорот со калчолигашот.

Елмас со таа сума од 18 милиони евра ќе стане најскапиот македонски фудбалер, но таа сума нема да биде рекордна само за нашите фудбалери туку и за Фенербахче. Имено, тој ќе стане најскапо продадениот фудбалер на Фенербахче и ќе го срупи рекордот на Муса Со од 2012 година кога направи трансфер во Ал Ахли за 16 милиони евра.

Кога во прашање се личните услови Елмас во Неапол ќе заработува 1.5 милион евра годишно и ќе потпише договор на пет години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести