9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Елмас: Ми беше чест изминатите пет години да ги делам со Ангеловски и Пандев

Најчитани вести

Фудбалерот за врска на македонската фудбалска репрезентација, Елиф Елмас, им се заблагодари на досегашниот селектор Игор Ангеловски и досегашниот капитен Горан Пандев за соработката што ја имаа во националниот тим изминатите пет години.

– Чест ми беше да ги делам овие пет години со две вакви легенди на македонскиот фудбал и големо благодарам што ја направивте цела Македонија горда. Евро2020 беше едно големо искуство, се надевам дека во иднина ќе има уште вакви успеси. Благодарам на поддршката од целиот македонски народ, напиша Елмас на Инстаграм.

Ангеловски и Пандев на 21 јуни, на ЕВРО 2020 против Холандија го имаа последниот ангажман во македонската фудбалска репрезентација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести