26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Елмас: Им ветувам на фановите на Наполи дека секогаш ќе го давам максимумот во овој дрес

Најчитани вести

Елиф Елмас преку писмо на социјалните мрежи им се обрати на фановите на Наполи и се заблагодари на раководство на клубот за трансферот.

Елиф Елмас во новата сезона ќе игра за Наполи, Македонецот направи голем трансфер и ќе почне една многу значајна авантура во неговата кариера.

„Многу сум среќен што дојдов во Наполи и станав дел од оваа фамилија. Се чувствувам прекрасно и среќно дека дојдов во еден од најдобрите клубови во светот и ќе работам со еден од најдобрите тренери во фудбалската историја, Господинот Карло Анчелоти. Многу сум благодарен до менаџментот на Наполи предводен од Господинот Аурелио Де Лаурентис кој му овозможи да дојдам во Наполи. Многу сум среќен што сум дел од овој голем клб со голема историја и традиција и дека ќе можам многу да научам покрај играчите од висока класа. Посебно сакам да ги поздравам навивачите кој знам дека се едни од најверните во светот на фудбалот и сакам да им ветам дека секогаш ќе го давам максимумот за овој дрес и заедно ќе имаме многу среќни моменти исполнети со многу титули“, Елиф Елмас.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести