7.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Елмас доби критики и лоши оценки, Анчелоти одбива да преземе вина: Не го играв на погрешна позиција

Најчитани вести

Елиф Елмас доби критики од медиумите и лоши оценки откако не се снајде во улогата која ја доби за мечот со СПАЛ, многумина мислат дека вина за ова има и во Карло Анчелоти, но стратегот не смета така.

Елиф Елмас синоќа беше стартер за Наполи, играше по десната крилна позиција, беше прилично незабележителен и прв го напушти теренот во продолжението од мечот.

Тој доби критики и лоши оценки од медиумите за играта која ја прикажа и начинот на кој ја одработил улогата која ја добил. Mногумина сметаат дека вина за бледата партија сноси и Карло Анчелоти, кој го играл Македонецот на погрешна позиција, но стратегот не мисли така.

„Не го играв на погрешна позиција. Не беше класично десно крило и замена за Каљехон. Играше во средината десно, исто како што Фабијан играше во финалниот дел од натпреварот“ – се правда тренерот на Наполи.

„По десната страна извршуваше само задолженија во одбраната, како што се случува и секојпат“.

„Можеби Елмас можеше да понуди многу повеќе во првиот дел, но тој е младо момче на кое треба да му дадеме поддршка за правилно да се развие“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com