Home » Елиф Елмас под „палката“ на Антонио Конте?

Елиф Елмас под „палката“ на Антонио Конте?

by Lina Muslija

Антонио Конте би можел во следната сезона да има нова работа. Италијанскиот стратег во март се раздели со Тотенхем, причината е изгубеното трпение со некои работи во самиот клуб, поточно политиката, која самиот ја критикуваше јавно, а потоа заработи отказ.

Ако им се верува на странските медиуми, Конте би можел да седне на клупата на Наполи за кого настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Претседателот на тимот од Неапол, Аурелио Де Лаурентис веќе одлучи Лучијано Спалети да не го води клубот во следната сезона и покрај тоа што по 33 години на овој град и на тимот му ја донесе шампионската титула.

Разговорите меѓу двете страни за продолжување на соработката се замрзнати. Извесно е дека Спалети си заминува од клупата, а Конте дојде до израз како потенцијално решение да стане тренер на италијанскиот шампион.

Доколку 53-годишниот стручњак ја прифати понудата од Неапол, тоа ќе биде нов предизвик за него, особено што се работи за напаѓачки тим, додека Конте има прилично дефанзивен стил на игра.

Последната работа на Антонио Конте беше во Тотенхем, а претходно ги водеше Интер, Челзи, Јувентус, Сиена, Аталанта, Бари, Арецо и италијанската репрезентација.

Останува да видиме дали навистина тој ќе го прифати предизвикот да го води новиот првак во Серија А.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk