Home » Елиминација на внатрешните поделби и изградбата на силни и независни институции ветува новиот претседател на Црна Гора

Елиминација на внатрешните поделби и изградбата на силни и независни институции ветува новиот претседател на Црна Гора

by Журнал.мк

Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ положи заклетва во Собранието на Црна Гора и ја презеде должноста претседател на таа земја.

Милатовиќ во својот говор истакна дека ќе биде претседател на сите граѓани, дека ќе работи на економско промоција на Црна Гора и добрососедски односи, јави Радиотелевизија на Црна Гора.

„Ќе бидам вистински претседател на сите граѓани, без оглед на нивната национална и верска припадност“, рече Милатовиќ.

Тој рече дека ќе се посвети на „елиминација на внатрешните поделби, изградбата на силни и независни институции, афирмација на човековите права, непристрасна распределба на правдата, општество на еднакви можности, како и воспоставување одржлив економски модел“.

Тој истакна дека ќе биде кохезивен фактор во заедничката борба за подобра Црна Гора. Најави дека нема да има отстапување од „стратешките насоки и заложби кои ја вклучуваат Црна Гора како дел од европското и евроатлантското семејство“.

„На цивилизациски план за мене нема сомнеж каде припаѓаме. Ние припаѓаме на Европа која е обединета во нејзината различност. Црна Гора ќе продолжи да чекори кон исполнување на нејзините надворешнополитички и стратешки определби“, рече Милатовиќ.

Новиот претседател на Црна Гора истакна дека негов приоритет ќе биде забрзување на патот кон членство во Европската унија и додаде дека на сите земји во регионот им е потребна европска визија.

На инаугурацијата на Милатовиќ присуствуваа 200 гости, меѓу кои и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ, претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk