6 C
Skopje
Saturday, April 17, 2021

Елизабет Тејлор е една од најпопуларните актерки на сите времиња која со приватниот живот често предизвикуваше негодувања во јавноста!

Најчитани вести

Елизабет Тејлор беше една од најголемите sвезди на класичниот Холивуд, а со својата убавина ги маѓепса сите каде и да се појавеше.

Својата кариера ја започна како девојче во 40-тите години и беше најголемата икона на Холивуд во 50-тите и 60-тите години од минатиот век. Таа остана една од најголемите актерки сè до својата смрт, а во 1999 година Американскиот филмски институт ја прогласи за седма најголема актерка на сите времиња.

Таа привлече внимание со нејзините прекрасни сини очи и црна коса, а додека стана тинејџерка веќе беше една од најфотографираните ѕвезди на Холивуд. Поради фактот што изгледаше многу постаро од нејзините години, и беа дадени и такви улоги.

Во текот на целата своја кариера, актерката беше позната по тоа што флертуваше со многу колеги, а се омажи дури осум пати. Медиумите често ја озборуваа поради мажите што ги сакаше, но таа никогаш не обрнуваше внимание на тоа.

Компанијата МГМ со која имала договор ја убедила да се дружи со атлетичарот Глен Дејвис во 1948 година, по што кратко се верила со Вилијам Д.Појли. Филмскиот тајкун Хауард Хјуз исто така сакаше да се ожени со неа и им понуди на нејзините родители голема цена доколку се согласат на бракот. Тејлор ја одби понудата и потоа рече дека е премногу мала за да се омажи.

Имала 18 години кога првпат застана пред олтарот со Конрад Хилтон, тогашниот наследник на ланецот хотели Хилтон. Нивната венчавка беше настан на годината, а бројни светски медиуми ја проследија церемонијата. Неколку недели по венчавката, Елизабет сфати дека направила грешка што се омажила и поднела барање за развод. Осум месеци беше во брак со Хилтон.

Таа се омажи за својот втор сопруг, британскиот актер Мајкл Вилдинг, во февруари 1952 година во Лондон. Актерот беше 20 години постар од неа, но тоа не беше пречка за нив. Тејлор сакаше помирен живот, додека Вајлдинг сакаше да стане ѕвезда во САД. Двојката имаа два сина, а разводот го објавија во 1956 година. Легендарната актерка по трет пат се омажи во Мексико една година подоцна со Мајк Тод. Тие имаа една ќерка заедно, а Мајк честопати го привлекуваше вниманието на медиумите кон нивниот брак. Тод трагично загина во авионска несреќа во 1958 година.

По неговата смрт ја утешил пријателот на Мајк, пејачот Еди Фишер, со кого Тејлор наскоро започнала афера. Фишер во тоа време сè уште беше оженет со актерката Деби Рејнолдс, а неговата врска со Тејлор резултираше со голем скандал. По разводот од Рејнолдс, Фишер и Тејлор се венчаа во Лас Вегас во 1959 година. Подоцна, актерката изјави дека се омажила поради тага.

Таа ја започна својата афера со колегата Ричард Бартон додека го снимаше филмот „Клеопатра“, а во тоа време и двајцата беа во брак. По разводот тие се венчаа во Монтреал. Тие се појавија заедно во дури 11 филмови, а целата нивна врска беше внимателно следена од сите светски медиуми. Иако се разведоа во 1974 година, една година подоцна повторно се венчаа. Медиумите го нарекоа нивниот брак „брак на векот“, но таа љубов заврши и во 1976 година. Во тоа време, Елизабет веќе го познаваше својот шести сопруг, политичарот Џон Ворнер. Истата година, таа повторно застана пред олтарот и се разделија во 1981 година.

Се запознала со актерот Ентони Гери две години подоцна а едно време беше свршена со Денис Штајн и Виктор Луна. Таа се запозна со Лари Фортенски во 1988 година и тој е последниот човек со кој се омажи. Иако се разведоа, таа му остави 825 000 долари по нејзина волја.

Откако со години се бореше со лошото здравје, Елизабет Тејлор почина од последиците од срцев удар во 2011 година на 79 години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести