14 C
Skopje
Tuesday, May 18, 2021

Елизабет Бенкс им рече „не“ на пластичните операции

Најчитани вести

Aктерката која ја гледавме во „Игри на гладот“ , „Најлоша ноќ во животот“ и други, воопшто не е воодушевена  од естетските операции и е категоричнo против такви зафати.
Ѕвездата од  новиот филм „Чарлиевите ангели“ откри дека никогаш не „легнала“ под нож за да смени нешто на себе.
– Среќна сум што можам да кажам дека никогаш не сум правела било каков зафат на лицето или телото, иако на почетокот на кариерата ми советуваа дека е добро да ги зголемам градите – изјави 45 годината актерка и додаде:
– Никогаш не сум била на било каков зафат, тоа гордо го тврдам. Едноставно не сакам секој ден кога ќе застанам пред огледало да се прашувам дали тоа сум јас. Тоа е психолошки и емоционален терет со кој не сакам да се оптоварувам.
Русокосата актерка открива дека исто така се плаши и од ризикот кој го носат таквите операции:
– Што ако нешто тргне наопаку, никогаш не знаете… Затоа не сакам да ризикувам.
Елизабет тврди дека за нејзиниот младешки изглед најверојатно заслужна е генетиката. Инаку во едно поранешно интервју таа откри дека кога започнувала со кариера во Холивуд ѝ рекле да ги зголеми градите.
– Првиот агент кој го запознав ме советуваше да ги зголемам градите ако сакам да успеам. Среќа немав пари за тоа, па не отидов на операција – се сеќава таа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести