30.8 C
Skopje
Friday, July 23, 2021

Елена Ристеска модерна во црвено сако на примањето на наградата „Дама на годината – регион“ во Србија

Најчитани вести

Елена Ристеска доби почесна награда на настан посветен на жените во Врњачка Бања во Србија.

Македонската пејачка ја прими наградата „Дама на годината – регион“, за нејзината работа, придонес и креативност.

33-годишната музичка ѕвезда сподели фотографии на социјалните мрежи и напиша: „Благодарам за наградата ‘Дама на годината’ за регионот – за работа, придонес и креативност. Иако повеќе ми значеа коментарите на луѓето за мојата работа и глас, чест ми беше вечерва да бидам помеѓу сите овие успешни и хумани дами. После 17 години во музиката и пред прагот на еден сосема нов бизнис – основање на мој бренд за козметика, наградата ќе ја сметам за поттик за уште поголема борбеност во овој ‘машки’ свет, како самостојна и независна жена.“

Елена Ристеска
Елена Ристеска
Елена Ристеска
Елена Ристеска
Елена Ристеска

Елена носеше комбинација со црвено сако на церемонијата на која ја испеа својата песна „Доживотно“.

Елена Ристеска

Ристеска се подготвува за лансирањето на нејзината линија козметички производи „ERA Cosmetics“./femina.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести