23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Електронски попис – за и против

Најчитани вести

Опозицијата е подготвена да поднесе и законско решение најавениот попис да се спроведе целосно електронски, односно со вкрстување на базите на податоци. Од партијата сметаат дека тоа е најевтин модел кој дава најпрецизни податоци. За да се спроведе безбедно, опозицијата предлага и посебно тело на експерти кои ќе го следат процесот.

Првиот човек на државниот завод за статистика се согласува дека ваквиот вид на попис е најдобро решение но вели дека тоа го можат само држави кои што имаат квалитетни бази на податоци. Во Македонија, според него, базите не ги содржат сите податоци кои се важни од аспект на пописот.

Од СДСМ и денеска го повторуваат ставот дека институциите имаат капацитет да спроведат попис и дека процесот ќе стартува согласно планот, на почетокот на пролетта.

Во Европа нема некое правило врз основа на кое се водат земјите кога станува збор за методот врз основа на кој се спроведува пописот. Една третина од нив, спроведуваат целосно теренски попис, исто толку се одлучуваат за целосно електронски попис со вкрстување на бази, каков што бара опозицијата а останатите околу 27% од државите користат комбиниран модел, каков што најавува Македонија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести