7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Електричните модели му донесоа на Volvo титула на најдобар производител за 2021 година

Најчитани вести

Уште една потврда за успешното воведување на електричниот погон во Volvo XC40 и  C40 пристигна од жирито на изборот на специјализираната информативна агенција Automotive Management.

Електричните и приклучните хибридни модели му донесоа на Volvo титула на најдобар производител на автомобили за 2021 година во изборот на Automotive Management, водечка информативна агенција специјализирана за автомобилската индустрија. Volvo вторпат ја освојува престижната награда, повторувајќи го успехот од 2018 година.

На свеченото врачување на наградите што се одржуваше во Бирмингем, Велика Британија, жирито го образложи изборот на Volvo, поради „моделите за коишто постои голем интерес, како и поради јасните вредности на марката и предводењето во трката во електрификација и во дигитализација“.

Volvo продолжува да ја шири понудата од модели со електрифицирана погонска спрега и нуди приклучни хибридни варијнати Recharge во секое моделско семејство во својата гама. Паралелно се лансираат нови чисто електрични модели. Два електрични автомобили веќе се во продажба, а следат и други модели, во насока на исполнување на планот на Volvo за 50% од продажбата да бидат чисто електрични возила до 2025 година, односно за целата гама да биде електрична до 2030 година.

Во исто време со електрификацијата се врши и дигитализација на услугите, вклучувајќи и онлајн-продажба. Volvo очекува повеќе од половина од продажбите на возила да се вршат онлајн во 2025 година. Глобално, целта е продажбата 100% да се одвива онлајн до 2030 година.

Volvo XC40 Recharge T5 2021 long-term review | Autocar

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com