25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Електричните возила ќе ги „убијат“ дизелите многу побрзо

Најчитани вести

Моторите со внатрешно согорување се соочуваат со големи предизвици од електричните возила и плановите за воведување на секакви забрани за конвенционалните возила

Дизел моторите веќе одамна се на „тенок лед“, голем број земји почнуваат да воведуваат делумни или целосни забрани и строги регулативи за овие возила, а фокусот е кон електрификацијата. Според Reuters, фабриката на Stellantis во Тремери, Франција, која е најголемата фабрика за дизел мотори во светот, е најдобар пример за сето она со што се соочуваат моторите со внатрешно согорување, поточно дизелите. Имено, со помалку од 10 проценти од својот капацитет во 2020 година, погонот е подготвен да произведе 180.000 електромотори оваа година, број кој се очекува да се искачи до 900.000 до 2025.

Проблемот за работниците во оваа фабрика е тоа што електромоторите имаат многу помалку делови во однос на дизел моторите. Тоа значи и дека се потребни помалку вработени. Синдикатот на вработени во фабриката смета дека ова може да се реши со тоа што нема да се вработуваат нови работници, откако оние старите ќе се пензионираат.

Исто така и Stellantis вети дека нема да затвора фабрики и ќе ги заштити работните места. Со оглед на тоа, проценките сугерираат дека автомобилска работна сила која во Франција изнесува 400.000 луѓе, ќе мора да се намали за 15.000, или за помалку од четири проценти.

Во меѓувреме, во Америка, новиот претседател Џо Бајден, сака да отвори еден милион работни места во автомобилската индустрија, а сето тоа да го направи преку пренасочување на целата федерална флота на електрични возила.

Автомобилската индустрија вложува силни пари во електрични возила, кои и покрај тоа што во моментов имаат мал удел на глобално ниво, сепак доживуваат голем раст.

Минатиот сепетмври, продажбата на електрифицирани возила во Европската унија ги надмина возилата со дизел мотори за прв пат во историјата. Освен тоа, иако вкупната продажба за првите девет месеци од 2020 година опадна за 29 проценти, продажбата на plug-in хибриди и целосно електрични возила се зголеми за 122 проценти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести