Home » Електричните автомобили не биле причина за пожарот на Fremantle Highway

Електричните автомобили не биле причина за пожарот на Fremantle Highway

by Lina Muslija

По пожарот на бродот за прекуокеански транспорт на автомобили Fremantle Highway, што се случи кон завршетокот на јули, уште се работи на спасување на товарот. Бродот беше одвлечен во холандското пристаниште Емсхавен.

На бродот уште се наоѓаат голем број возила. Првите истраги дадоа и сознанија за состојбата на автомобилите. Истрагата дојде до заклучок дека натоварените електрични автомобили, и покрај многубројните нагаѓања на медиумите, не биле причина за настанување на пожарот.

Бродот превезуваше близу 3.800 возила, а меѓу нив се наоѓаа и околу 500 електрични автомобили. Тие не биле зафатени од пожарот и со тоа се исклучува секаква можност дека тие го предизвикале пожарот. Веста ја објави порталот „Аутомотив Логистикс“, повикувајќи се на пишувањата на холандските медиуми.

Според извештајот, на четирите долни платформи се наоѓале околу 1.000 возила, вклучувајќи ги и 500-те електрични автомобили. Шефот на компанијата Boskalis, што работи на спасување на товарот на бродот, кажува декаовие возила се „во добра состојба“ и „целосно се подвижни“.

Автомобили се истопиле врз бродската конструкција

На горните четири, од вкупно 12 платформи, штетата е најголема. Тие се тешко достапни и не постои можност автомобилите да се отстранат од бродот, затоа што голем број од нив се стопиле во бродската конструкција, поради исклучителните температури.

Дури и кај автомобилите, што веќе се отстранети од бродот и се одложени безбедно, постои опасност за повторно избувнување пожар, и со тоа „целата мизерија би почнала одново“, кажува експертот. Fremantle Highway ќе остане во Емсхавен до 14-ти октомври.

Транспортерот беше појден на пат од германското пристаниште Бремерхафен, кон Сингапур. Кога избувна пожарот, бродот се наоѓаше на 30 километри оддалеченост северно од островот Амеланд во Ватенското Море. Причината уште не е утврдена. Производителите на возилата што беа натоварени на бродот – меѓу нив Volkswagen, BMW и Mercedes-Benz – испратиле свои стручни тимови да извршат увид на бродот. При пожарот загина едно лице, а 22 лица се повредени, скокајќи во морето за да се спасат од пожарот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk