19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Електричниот i4 пристигнува годинава, BMW најави моќност до 530 кс

Најчитани вести

BMW ја забрза промоцијата на електричниот i4 и денеска беа објавени првите фотографии од конечниот изглед на електричниот седан.

Најавен како нов ривал на Tesla Model 3, идниот i4 доаѓа со специфичен дизајн, а ќе ја добие и најновата генерација на iDrive инфо-забавниот систем, иако засега BMW не го открива изгледот на ентериерот.

Новитетот во понудата на германскиот бренд ќе ја користи CLAR платформата, која овозможува батерија со капацитет до 80 kWh, што е добра најава за автономијата, која ќе достигнува до 590 километри.

BMW планира повеќе изведби, а најмоќната ќе располага со 530 коњски сили и ќе стигнува до стотка за околу 4 секунди.

Производителот најави дека BMW i4 ќе биде достапен за купувачите до крајот на годината, а наскоро ќе бидат објавени и сите детали за моделот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести