2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Електричната револуција на „Renault“ започнува со „Megane EV“

Најчитани вести

Францускиот производител „Renault“ веќе е посветен на својот нов план „Renaulution“, кој ќе и овозможи на групацијата да лансира 7 целосно нови електрични автомобили. Првиот и најважен од нив ќе биде кросоверот „Megane“, за кој „Auto Express“ открива нови детали.

Всушност, компанијата веќе го претстави концептот „Megane eVision“ минатиот октомври и тој ќе биде основа на новиот модел. Тогаш извршниот директор на „Renault“ – Лука Де Мео, објави дека како и со првата генерација на „Megane“, новиот електричен автомобил ќе биде само почеток на сериозната офанзива на пазарот.

Димензиите на концептниот модел беа должина од 4.210 mm, ширина од 1.800 mm и висина од 1.505 mm. Тркалата се поместуваат што е можно подалеку на краевите на каросеријата, идејата е да се зголеми растојанието помеѓу двете оски и да се обезбеди максимален простор во внатрешноста на електричниот автомобил. Подот изгледа прилично плиток, поради фактот што „Megane EV“ ќе го користи најтенкиот комплет батерии на пазарот – само 11 cm.

Засега нема фотографии од внатрешноста на сериските прототипови направени за време на тестовите, но се очекува тој да биде потполно нов за брендот. Концептниот модел навестува голем дисплеј во форма на „L“, кој може да се поврзе со главниот екран на допир на централната конзола и со широк екран за дигиталната табла со инструменти.

Кога ќе се појави на пазарот, електричниот „Megane“ ќе користи батерија со капацитет од 60 kW/h, што ќе го напојува електричниот мотор со моќност од 218 ks и 300 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 km/h ќе трае помалку од 8 секунди, а километражата со едно полнење ќе достигне 450 km.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com