Home » Електричен Mercedes EQE со претплата се вози за 1.600 евра месечно

Електричен Mercedes EQE со претплата се вози за 1.600 евра месечно

by Журнал.мк

Mercedes-Benz Rent е меѓу најновите ограноци на германската марка и нивната услуга е да понудат возила што се користат со плаќање месечна претплата. Осигурување, регистрација, технички преглед, редовно сервисирање, нови гуми, потрошни делови, сé е вклученo во ратата. Се плаќа, буквално, само за горивото. Во случајов, за струјата.

Mercedes EQE отсега може во автомобилски понапредниот свет да се добие за користење со месечна претплата. Електричната лимузина што одговара на традиционалната E-Class, им се придружува на останатите модели со погон на струја од гамата на Mercedes-EQ.

Може да се избира меѓу два вида претплата. Едниот е комфорт-пакет по месечна рата од 1.599 евра, вториот вид е премиум-пакет по месечна рата од 1.799 евра. Тоа се цените што важат за Mercedes-Benz Rent во Германија. Како еден вид регистрација за услугата, пред возилото да се земе на наем, се плаќа 400 евра.

Во ратата е вклучено сé, од редовно сервисирање, поправки во рамки на гаранција, по еден комплет летни и зимски гуми, како и целосно каско осигурување со сопствено учество од 1.500 евра. Исто е вклучено и бесплатно користење на полначите во мрежата на Mercedes me Charge, како и повластена цена за користење на брзите полначи на мрежата Ionity. Тоа важи за период од 12 месеци.

Договорот за претплата се потпишува на времетрање од 24 месеци и може да се откаже во секое време по најмалку шест месеци користење на возилото. Месечната километража што е вклучена во ратата изнесува 833 километри. Кој вози повеќе, може да плаќа повисока рата.

Mercedes EQE е втор модел на специјализираната електро-марка Mercedes EQ, по луксузниот крстосувач EQS, што ја користи платформата EVA2. Основниот модел во гамата е EQE 350+ со моќност од 215 kW и досег до 654 километри.

Mercedes-Benz Rent во својот возен парк во Германија располага со 8.000 возила што може да се добијат на користење со месечна претплата. Мрежата опфаќа точно 400 локации во земјата. Целата постапка може да се склучи и онлајн, преку mieten.mercedes-benz.de. Услугата им користи првенствено на клиентите што имаат потреба од возило само во одреден период, како алтернатива за класично купување автомобил.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk