Home » Електричен траект во Данска постави светски рекорд

Електричен траект во Данска постави светски рекорд

by Журнал.мк

Педесет милји или 92 килoметри е новиот свестки рекорд за најдолго растојание што го поминал траект со целосно електричен погон.

Траектот „Елен“ редовно сообраќа меѓу двата острови Аеро и Алс на југот на Данска. Двете пристаништа се оддалечени 40 километри или 22 морски милји. Обично се врши дополнување на батеријата на секое пристигање.

Рекордот беше поставен на рута од Аеро во градот Сондербoрг, до Фленсборг Фјорд, којшто е најзападна точна на Балтикот. Траектот со должина од 60 метри може да превезува до 200 патници и 31 патнички автомобил, или четири камиони со полуприколка и четири патнички автомобили. Моќноста на електричниот погон изнесува 1.500 kW, односно 2.040 КС.

ЕУ учествуваше со 21,3 милиони евра во развојот и градењето на „Елен“. Бродот е за 40% поскап во споредба со бродови со обичен погон, но оперативните трошоци се пониски за 75 проценти.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More