4 C
Skopje
Tuesday, March 9, 2021

Електричен и евтин – доаѓа Renault City K-ZE за европски пазар

Најчитани вести

Францускиот производител најави дека планира производство на европска верзија на електричниот модел City K-ZE што сега се продава само во Кина.

Renault City K-ZE за кинескиот пазар беше претставен на годинашниот Саем на автомобили во Шангај, а француската компанија планира овој модел да го прилагоди и да го продава во Европа.

„Посебна верзија на K-ZE ќе дојде на европскиот пазар“, изјави шефот на одделението за електрични автомобили на Renault, Жил Норманд, за Autocar.

Се очекува европската верзија да има подобрени безбедносни карактеристики, а постои шанса и Renault да го зголеми досегот на возилото од сегашните 250 километри со едно полнење на батеријата (според NEDC стандарди).

Потпретседателот на одделението за продажба на Renault, Оливие Мурге, верува дека City K-ZE ќе биде популарно возило ширум Европа, особено бидејќи, според него е „идеален автомобил за car sharing компании“.

„Потрошувачите кои припаѓаат на помладата генерација ќе го изнајмуваат овој тип на автомобил и затоа веруваме дека City K-ZE, кога ќе стигне на пазарите во Европа, ќе има голем успех во рамки на car sharing сервисите“, додаде тој.

Кинеската верзија има електричен мотор од 44 коњски сили и максимален вртежен момент од 120 Nm. Потребни му се 7 секунди да забрза до 60 км/ч и максималната брзина изнесува 104 км/ч.

Renault City K-ZE во Кина чини околу 8.000 евра, а се проценува дека европската верзија би се продавала по почетна цена од 10.000 евра.

Колку за споредба, електричниот модел на Renault – Zoe – кој беше втор најпродаван електричен автомобил во Европа во првата половина од годината, веднаш зад Tesla Model 3, има почетна цена на домашниот пазар во Франција од 23.900 евра, плус изнајмување на батеријата што чини од 50 до 125 евра.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести