21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

ЕК сака Западен Балкан да учествува на Конференцијата за иднината на Европа

Најчитани вести

Европската Комисија (ЕК) сака да биде вклучен Западниот Балкан во Конференцијата за иднината на Европа, но конечната одлука ја носат земјите членки на Европската унија (ЕУ), а оттаму сѐ уште нема јасна позиција, јави МИА од Брисел. Во одговор до МИА на ова прашање од кабинетот на потпретседателката на Европската Комисија, задолжена за оваа Конференција – Дубравка Шуица, потврдија дека оваа институција сака да го види регионот инволвиран во овој настан кој започнува на 9 мај.

„Комисијата е отворена за инволвирање на граѓаните и организациите од земјите на Западен Балкан – нашите блиски соседи – во Конференцијата за иднината на Европа. Пандемијата покажа до која мера земјите членки на ЕУ и другите земји во Европа, вклучително и Западниот Балкан, зависат едни од други“, одговорила од кабинетот на Шуица за МИА.

Конференцијата за иднината на Европа требаше да започне минатата година, но се одложи за оваа, на 9 мај, денот на Европа. Официјално поради пандемијата, неофицијално затоа што земјите членки и натаму не можат целосно да се усогласат за модалитетите на оваа Конференција, која треба да ги постави темелите на иднината на Европската Унија и на континентот врз основа на директна консултација со граѓаните.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести