27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

ЕК почнува програма за анализа на мутациите на новиот коронавирус

Најчитани вести

Европската комисија утре почнува програма за проучување на мутациите во новиот коронавирус, јавија француски медиуми повикувајќи се на нејзиниот претседател Урсула фон дер Лајен.

Таа ј објави информацијата во интервју за денешниот број на весникот Ле-з-еко.

Наречена „ХЕРА инкубатор“ (Health Emergency Response Authority Incubator), програмата „ќе обедини лаборатории, здравствени власти, научници и Европската комисија“, изјави фон дер Лајен за францускиот економски дневен весник. Таа истакна дека за програмата ќе бидат издвоени „сериозни средства“, но не ги спомна точните износи.

„Tие мутации многу нe загрижуваат“, призна претседателот на ЕК.

„Паралелно со напорите за (добивање на потребните дози на) тековни вакцини, таа ја истакна потребата да им се помогне на компаниите да развијат капацитетi за производство на втора генерација (вакцини)“.

Брисел веќе ја изрази својата намера да формира нова Европска агенција за одговор при итни случаи (ХЕРА) за борба против идните пандемии и подобра координација меѓу земјите-членки на ЕУ.

Во интервјуто, Урсула фон дер Лајен повика на „посистематско партнерство меѓу лабораториите, со контролирана размена на лиценци“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести