Home » ЕК не коментира: одлуката за францускиот предлог е суверена одлука на Македонија

ЕК не коментира: одлуката за францускиот предлог е суверена одлука на Македонија

by Журнал.мк

Европската комисија го следи процесот во Македонија за францускиот предлог за преговарачката рамка, но не коментира за она што се случува во земјата.

Како што јавува МИА од Брисел, на новинарско прашање на редовниот брифинг за медиуми во Европската Комисија за францускиот предлог и процесот на преговори со Македонија, портпаролката за проширување, Ана Писонеро изјави дека се водат консултации во земјата.

„По испраќањето на ревидираниот француски предлог, видовте дека премиерот Ковачевски најави широк процес на консултации со сите релевантни чинители, овој процес е во тек и се разбира одлуката за овој ревидиран предлог е суверена одлука на Северна Македонија. Одблиску ги следиме настаните и дебатите кои се одвиваат”, изјави Писонеро.

На прашање за содржината на преговарачката рамка и вклучувањето на билатерални прашања со Бугарија во предлогот, Писонеро ги упати новинарите кон веб сајтот на македонската влада каде се објавени документи, но не даде коментар.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More