-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

ЕК криткувана во ЕП поради непостапување против корупцијата во Бугарија

Најчитани вести

Европската комисија денеска беше критикувана од Европскиот парламент за нејзината неактивност против корупцијата во Бугарија имајќи ги предвид санкциите што ги воведоа САД според законот „Магнитски“ против бугарски државјани.

Во име на парламентарната група на Европската народна партија (ЕПП), Станислав Полчак рече дека одлуката на Вашингтон го покажува неуспехот на ЕУ во борбата против корупцијата. Според него, европските институции дејствуваат само против „малите риби“ и селективно.

Елена Јончева (социјалисти и демократи / БСП) додаде дека Бугарија стана земјата за која беа воведени најголемите санкции според законот Магнитски.
– Бугарските граѓани многу добро ги знаат проблемите со корупцијата во земјата, протестираа против преземањето на судството и кога го направија тоа, беа тепани и понижени, заканувани и влечени во судница, рече Јончева. Според неа, ниту еден извештај на ЕК не го зема предвид она што САД го утврдиле.

Даниел Фројнд (Зелените) ја опиша ситуацијата во Бугарија како многу полоша од она што го објавува ЕК. Ова го покажува неуспехот на комисијата да ги преземе неопходните мерки; барем Американците прават нешто. Срамно е што ова не го прави Брисел. Мониторингот на ЕК не води кон ништо, не се користат можностите за акција, додаде тој.

Еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон ја идентификуваше борбата против корупцијата како важна задача за ЕУ. Таа појасни дека САД не се согласиле однапред со ЕУ за санкциите против бугарски граѓани. Јохансон истакна дека Европското јавно обвинителство соработува со Вашингтон и дека ЕУ ќе преземе мерки во случај на сомневање за злоупотреба на општиот буџет.

Дебатата во ЕП се одржа по барање за одговор од Хуан Агилар (социјалисти и демократи), претседател на парламентарната група за граѓански слободи, правда и внатрешни работи. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com