14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

ЕК вети финансиска помош за земјите членки што примаат бегалци

Најчитани вести

Европската Комисија ќе им обезбеди финансиска помош на земјите членки на Европска Унија, кои ќе учествуваат во шемата на релокализација на бегалци, најави еврокомесарот за промоција на европскиот начин на живот, Маргаритис Схинас.

На Глобалниот форум за бегалци во Женева, земјите членки на ЕУ се заложија дека ќе отворат 30.000 места за бегалци и баратели на азил, со што ЕУ станува „најголемиот контрибутор” во напорите за релокализација на бегалци, најави Схинас, но додаде дека се надева дека повеќе земји ќе се придружат кон овој проект.

– Кога соработуваме, создаваме трајни, ефикасни и безбедни системи за да понудиме заштита за најранливите ширум светот, изјави Схинас.

Релокализацијата на бегалци е алатка со која им се помага на барателите на азил да пристигнат на европско тло во безбедни и легални услови.

Миграцијата е еден од врвните приоритети на новата ЕК откако сите напори во последните години да се изнајде трајно и одржливо решение пропаднаа. Релокализацијата на бегалците е еден од клучните елементи во миграциската политика на ЕУ.

Буџетот на ЕУ предвидува 10.000 евра по релокализиран бегалец.

– Ова е клучна компонента во целисходниот пристап кон миграцијата која треба да продолжиме да ја развиваме, заедно со партнерствата со трети земји. Амбициозните заложби на земјите членки мора да продолжат и ЕУ ќе ја обезбеди потребната помош, изјави Илва Јохансон, комесарка за внатрешни работи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com