-0.2 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Екс тренер на Шкендија кандидат за клупата на Динамо Загреб

Најчитани вести

Од таборот на Динамо Загреб се во потрага по стратег кој ќе го замени Зоран Мамиќ кој си поднесе оставка од функцијата откако Врховниот суд на Хрватска му ја потврди затворската казна во времетраење од пет години.

„Модрите“ привремено го назначија Дамир Крзнар како негов наследник, а како што пишуваат медиумите во Хрватска од раководството на клубот се во потрага по постојано решение за тренерската позиција.

Од Бугарија стигнуваат информации дека Бруно Акраповиќ, кој една година помина и на клупата на Шкендија е најсериозниот кандидат за клупата на Динамо Загреб.

Босанскиот стратег во моментов е предводник на бугарскиот гигант ЦСКА Софија, каде ја работи првата сезона откако претходно направи неочекуван успех со Локо Пловдив, клуб со кој стигна до два трофеи во Купот на Бугарија и еден во Суперкупот на Бугарија.

Акраповиќ има искуство со работа во Хрватска затоа што краток период по заминувањето од Шкендија седеше на клупата на Сплит.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com