Home » Екс менаџерката на Том Круз: „Врескаше поради фотки во весникот, имаше проблеми со контролата на гневот и беше опседнат со својот изглед“

Екс менаџерката на Том Круз: „Врескаше поради фотки во весникот, имаше проблеми со контролата на гневот и беше опседнат со својот изглед“

by Журнал.мк

Поранешната менаџерка на Том Круз, Ајлин Берлин (82), изјавила дека актерот имал ужасен темперамент кога бил помлад.

Таа за Дејли Меил откри дека Том Круз живеел со неа некое време.

  • Том имаше ужасен темперамент – изјави таа во интервју за Дејли Мејл и како пример раскажа ситуација кога тој бил незадоволен од подарокот што таа му го дала за 19-тиот роденден.
  • Му подарив албум со извадоци од сите текстови за него објавени во тинејџерски списанија. Тој почна да вреска: „Не сакам да бидам во тинејџерски списанија“, се присети таа.
  • Како да почнува да тлее, па да врие и да експлодира. Тоа го припишувам на неговата несигурност – изјави Берлин.

Актерот крена голема прашина во медиумите откако беше снимен како вика на филмската екипа на снимањето на „Mission: Impossible 7“.

  • Том беше толку опседнат со својот изглед што цел ден го помина експериментирајќи со пози за неговата прва фотосесија – откри таа.
  • Се подготвуваше за фотографирањето парадирајќи во долна облека. Имавме ѕид од огледала и тој се шеташе во панталоните и ги стискаше тупаниците и бицепсите восхитувајќи се себеси во огледалото, рече таа.

„Тој беше загрижен за висината“

„Ми беше срам, но тој сакаше да го покажува своето тело. Беше многу горд на тоа. Се грижеше што е висок смао метар и седумдесет. Рече дека сака да носи малку повиски обувки, за да изгледа малку повисок“.

Таа додаде дека актерот отсекогаш бил многу егоцентричен.

„Секогаш се‘ се вртеше околу него. Само јас, јас, јас и јас“, рече таа и откри дека тој имал проблеми и со контрола на бесот.

„Не ме изненади што сите негови три брака, со Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс, завршија со развод. Мислам дека не му се допаѓаат луѓето. Му се допаѓа тоа што го прави“.

  • Тажна сум за него. Се грижам дека е осамен. Сè додека може да работи и да ги снима своите филмови, ќе биде добро. Што ќе се случи кога веќе нема да може, не знам – заклучила таа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk