2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Екстремната политичка поларизација е изворот на нашата слабост

Најчитани вести

Кога ќе се врати назад во земјата, го прашале еден протеран италијански средновековен деспот. Кога оној што ме свргна од власт ќе го надмине мојот криминал, одговорил тој. Така некако и со нашата современа македонска приказна.

Расправијата меѓу групите во борба за власт наречени партии се врти околу тоа кој повеќе направил криминал. Зошто? Јасно е дека во еден неизграден политички систем на институционална контрола на власта, неограничената власт пружа неограничени можности за злоупотреби.

Но, повторно, зошто е така? Зошто немаме изграден демократски систем како во Западна Европа? Заради состојбата на нашиот ум. Раскажува поранешниот американски амбасадор Џес Бејли за својот разговор со европскиот пратеник Рајнхард Прибе. Секогаш и за сè е виновен оној другиот, му вели Прибе. Каде и да отидев низ институциите на државата, истата приказна: другите се криви (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Албанците, Македонците). Екстремната поларизација е изворот на нашата слабост: без минимална доверба и соработка не се гради демократски систем на контролирана власт. Има само пучистички настроени групи кои меѓусебе се свргнуваат од власт.

Но во моментот се соочуваме со опасност да паднеме назад. Поназад од што сме. На удар се, забележувам во јавната дебата, Преспанскиот договор со Грција, Законот за јазиците за Албанците и Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија. И тоа не само кај опозицијата туку и кај незадоволни влијателни луѓе кои до вчера важеа за поддржатели на политиките на СДСМ. Ужасно лесно се пренебрегнува најважниот факт дека првиот договор е гаранција за надворешниот мир, вториот за внатрешниот, а третиот за нашата иднина.

Забележувам дека, по правило, оние што се против една од овие три работи, се и против другите две. Ја препознавам таа наша „национална линија“ која спас за државата и нацијата секогаш барала во отпоро,т а не во прилагодувањето. За политичка ќар? Имено, реториката на отпорот предизвикува аплауз кај домашната јавност додека онаа на прилагодувањето осуда. Реално гледано, пак, овие тешки компромиси за Македоците се во прилог на опстанокот на државата и на нацијата во свирепиот свет на меѓународната политика кој сè уште не го разбираме па сенешто се чудиме зошто не е подобар кон нас.

Во жестоко поларизираната политичка атмосфера, овие успеси, заедно со промашувањата и злоупотребите на сегашната власт опасно се замрсуваат во едно балканско клопче на гнев. Невнимателни мегаломани, какви што сме со зборот, може да предизвикаме лавина која се заканува да го збрише и се она позитивно што, со тешки маки, е сторено до сега. Кога во едно интервју го прашаа претседателот на Чешка Вацлав Хавел, кој е неговиот најголем успех во политиката, тој одговара дека тоа e членството во НАТО. Со тоа, објаснува тој, на мојата земја и обезбедив барем 20 години мир. Малку!? Сакаме вечен мир!? Такво нешто нема во реалните односи меѓу луѓето и државите. Има само на гробишта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com