5.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Екстремистите од Газа испукаа ракета кон Израел

Најчитани вести

Палестинските екстремисти во Појасот Газа рано утрово испукаа ракета кон јужен Израел, а израелските авиони одговорија со воздушни напади на територијата управувана од Хамас.

Израелската војска соопшти дека противвоздушната одбрана пресретнала ракета истрелана кон градот Сдерот, пренесува АП.

Два часа подоцна, последователните воздушни напади ги погодија седиштата на екстремистите во градот Газа. Израелската војска издаде соопштение во кое се вели дека целта е локација за производство на оружје за Хамас.

Ниту една палестинска група не ја презеде одговорноста за ракетирањето.

Израел обично ја обвинува екстремистичката група Хамас за сите напади со потекло од Газа, пренесува агенцијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com