-9.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најчитани вести

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во североисточна Кина, објавија денеска државните медиуми.

Според извештаите на медиумите, експлозијата искршила прозорци во соседните згради и го запрела сообраќајот.

На социјалните мрежи беа објавени фотографии на кои се гледа дека по експлозијата од ресторанот не останало ништо друго освен столбовите.

Во тек е истрага за причините за експлозијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com