10.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Експлозија на бомба во Авганистан, најмалку 10 жртви

Најчитани вести

Најмалку 10 луѓе загинале кога возилото со кое се превезувале наишло на бомба поставена на пат во авганистанската источна провинција Хост, соопштија авганистанските власти.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими, соопшти дека експлозијата се случила рано утрово, а меѓу жртвите има три деца, две жени и пет мажи. Сите биле членови на едно семејство и патувале во провинцијата Логар за да присуствуваат на погреб.

Авганистанските власти ги обвинуваат талибански милитанти за нападот. Засега нема коментар од милитантната група.

Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан соопшти дека се сериозно загрижени за невиденото ниво на насилство во земјата, во кое страдаат цивили. Мисијата регистрираше 2.563 смртни случаи и 5.676 повредени во првите девет месеци од оваа година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com