15.8 C
Skopje
Friday, May 27, 2022

Експлозија во хемиска фабрика во Словенија, има повредени

Најчитани вести

Десет лица се повредени кога утрово одекна експлозија во хемиската фабрика Меламин во Кочевје, Словенија.

Словенечката полиција во 8 часот и 35 минути добила дојава за експлозија и пожар во кругот на фабриката Меламин.

Засега не се знае што гори, па полицијата ги повика мештаните да ги затворат прозорците и да не се приближуваат до местото на настанот, пренесе Телеграф.

– Ги советуваме сите жители во околината да ги затворат прозорците и да не се движат на отворено за време на интервенцијата. Исто така, не треба да се приближуваат до местото на настанот – изјавија од полицијата.

Се сомнева дека експлодирал бојлерот во производство.

Порталот 24ур јавува дека зградите во близина на фабриката силно се треселе во моментот на експлозијата, а граѓаните пријавиле дека гипсот почнал да паѓа од таваните.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com