19 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Експлодира ракетата на Илон Маск што требаше да пренесува луѓе на месечината

Најчитани вести

Последниот прототип на ракетата „Старшип“ од следната генерација на „Спејс Икс“ експлодираше за време на слетувањето, по успешното лансирање во Бока Чика во Тексас.

Слична судбина ја снајде и претходната ракета „Старшип СН 8“, што ја разви компанијата на милијардерот Илон Маск. Ракетата е дизајнирана да пренесува луѓе и товар до 100 тони во мисии на Месечината и на Марс.

„Спејс Икс“ вршеше тест за летање на голема височина на серискиот број 9 на „Старшип“ (СН9), при што компанијата соопшти дека тоа е „втор тест на суборбитален лет на височина на прототип во округот Камерон, Тексас“ .

Преносот на летот во живо покажа како ракетата успешно се лансира, но експлодирала од ударот кога се обидела да слета.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести