12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Експлодира плинска боца во викендичка во Матејче, тешко повредени шест лица

Најчитани вести

Вкупно шест лица тешко се повредени во експлозија на плинска боца што се случила синоќа во една викендичка во липковското село Матејче. Лицата се надвор од животна опасност, но тројца се префрлени на лекување во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

-На 21.03.2021 во 21,45 часот во СВР Куманово од Општата болница-Куманово било пријавено дека кај нив биле донесени шест лица С.С.(34), В.И. (31), Н.Н. (31), З.С.(27), М.Н.(44) и Б.Ш.(36), кои се здобиле со тешки телесни повреди како резултат на експлозија на плинска боца во приватен објект (викендица) во с.Матејче на место викано „Матејачки колиби“. Потоа тие биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“. Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, соопштија од МВР.

Се уште не се познати детали за несреќата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести