-4 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

Експлодира возило во тунел во Хрватска

Најчитани вести

Околу еден час биле затворени тунелите во двата правци на хрватскиот автопат од Загреб до Сплит, откако се запалило и експлодирало возило.
Во тунелот „Свети Рок“, од правец на Загреб кон Сплит, се запалил и експлодирал автомобил, при што интервенирале пожарникари, кои брзо го изгаснале пожарот. Но поради чадот во тунелот не се гледало, па двата правци на автопатот биле затворени околу еден час.
Во инцидентот нема повредени, потврдува полицијата, а сообраќајот нормално се одвива од 14.10 часот, јавија хрватските медиуми.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести