19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Експерт за кралското семејство тврди: Кејт Мидлтон е засрамена и исплашена заради тврдењето дека ја РАСПЛАКАЛА Меган Маркл!

Најчитани вести

Кејт Мидлтон наводно е „засрамена“ и „преплашена“ од тврдењата дека ја расплакала Меган Маркл во пресрет на нејзината венчавка затоа што е „многу внимателна во однесувањето со другите“, тврди експертот за кралското семејство.

Во експлозивното интервју дадено на Опра Винфри на почетокот на овој месец, Меган ги негираше гласините дека ја расплакала Кејт (38) поради инцидентот, инсистирајќи дека е обратно и дека таа била вознемирена војвотката од Кембриџ.

kraljevska porodica, Kejt Midlton

Инцидентот се случи пред две години, кога се веруваше дека Меган „ја остави Кејт Мидлтон во солзи“, но тоа прашање повторно се појави во сега познатото интервју.

“Кејт беше вознемирена за нешто, но подоцна го прифати и се извини. И ми донесе цвеќиња”, откри Меган.

“Немаше конфликт и мислам дека не е фер да навлегувам во деталите бидејќи таа ми се извини и јас и простив. Она што беше тешко беше да бидеш обвинет за нешто што не си го сторил, но што ти се случило тебе”, додаде војвотката од Сасекс.

Кејт Никл е експерт за кралското семејство и откри дека никогаш не чула дека војвотката од Кембриџ била непријатна за никого затоа што „таа е многу внимателна во односите со луѓето“.

Megan Markl, Kejt Midlton

“Кејт никогаш не сакаше какви било сугестии за нејзиното несогласување со Меган да се појави во печатот, па затоа и е многу тешко што циркулира оваа приказна. Постојат различни верзии на приказната за нив две, не само таа што Меган ја зборува. Кејт мислеше дека епизода е готова, па затоа ѝ беше страшно да ја помине повторно. Меган и Хари знаат дека Кејт не е во позиција да одговори“, изјави Никел за еден американски магазин.

Кејт исто така рече дека интервјуто со Опра ја оставило Кејт „тажна, разочарана и повредена“ и дека за неа биле неколку „многу тешки“ денови. Војводата и војвотката од Кембриџ првпат беа видени во четвртокот по познатиот разговор кога посетија училиште во источен Лондон.

Princ Vilijam, Kejt Midlton

И покрај тешкиот период што го помина војвотката, Никел рече дека „се појави минатата недела и се посвети на својата работа и должности“. Сепак, таа истакна дека „луѓето видоа дека нејзиниот поглед е спуштен и дека целата е депресивна“

„Зад затворените врати, таа беше тажна, разочарана и повредена“, рече таа, додавајќи дека принцот Вилијам и Кејт „се чувствуваат предадени“ откако биле „исклучително добредојдени“ во Сасекс. Но, тие „сè уште ги сакаат Хари и Меган“, и покрај фактот дека „ова интервју крена прашина“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести