17.8 C
Skopje
Tuesday, June 22, 2021

Експертот на „Марка“: Погодокот на Бензема со Челзи не требаше да важи

Најчитани вести

Реал Мадрид и Челзи одиграа реми со по еден гол во мрежите (1-1), а по дуелот се говори за контраверзи за голот на „кралевите“ кој беше дело на Карим Бензема.

Французинот даде ефектен гол во мрежата на Менди откако атрактивно ја прими топката, а потоа и реализира, но експертот на шпанска „Марка“, Хуан Андухар Оливер, вели дека неговиот гол требало да биде поништен.

„Касемиро направи фаул врз Аспиликуета, пред Милитао да го проигра Бензема, кој, пак, успеа да погоди“, кажа Андухар за Радио Марка.

Бензема со погодокот против Челзи на листата на „вечната листа“ на стрелци на Реал Мадрид се изедначи со Раул. И двајцата имаат по 71 гол. Главен судија на мечот беше Дани Макели од Холандија, а притисокот врз него сега сигурно ќе биде голем.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести